• недела, 22 септември 2024

Летна акција на книги „Светот кај нас“

Летна акција на книги „Светот кај нас“
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - Издавачката куќа „Феникс“ денеска ја почнува летната акција на книги „Светот кај нас“. Во 30 книжарници во речиси сите градови во државава, ќе бидат претставени голем број нови изданија за возрасни, деца и млади од автори од 15 држави од Европа и светот: Канада, Ирска, Шведска, Данска, Норвешка, Русија, Кина, Холандија, Финска, Турција, Велс, Исланд и други. Летната акција ќе трае до 5 септември, а целта е на читателите да им бидат понудени најновите и најбараните книги и други изданија со саемски цени. Во книжарниците ќе бидат претставени бестселерите од едицијата „Меридијани“, новата едиција за најмладите „Учење низ игра“ и голем број други разновидни, содржајни и привлечни дела. Застапени се познати автори од странство и Македонија, а со оваа акција Издавачката куќа „Феникс“ сака да им помогне на книжарниците и да го поттикне, поддржи и стимулира книжарството. Истовремено со летната акција на книги „Светот кај нас“, Издавачката куќа „Феникс“ ќе ги промовира и електронските портали „Кирилица“ (www.kirilica.mk) и едукативниот портал „Учење низ игра“ (www.ucenjenizigra.mk). ац/

Остани поврзан