• среда, 17 април 2024

Леклер ќе стартува од боксот на трката за ГН на Шпанија

Леклер ќе стартува од боксот на трката за ГН на Шпанија

Барселона, 4 јуни 2023 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, денешната трка за Големата награда на Шпанија ќе ја започне од боксот.

 

Ферари одлучи да го замени задниот дел на болидот и со тоа автоматски да стартува од боксот.

 

- Ја искористивме можноста да го смениме менувачот. Всушност целиот заден дел на болидот, за да се увериме дека нема никакви проблеми, изјави за „The Atheltic“ тимскиот инженер за трки Џок Клиа.

 

 

Леклер заврши на 19-то место во квалификациите, пропуштајќи го вториот квалификациски сегмент за прв пат од 2019 година. Тој се пожали на проблеми за време на сесијата.

 

Главната трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Шпанија ќе почне денес во 15 часот на патеката „Каталуња“ во Барселона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан