• вторник, 09 декември 2025

Курасао стана најмалата земја што се квалификуваше на Светското првенство

Курасао стана најмалата земја што се квалификуваше на Светското првенство

Вилемстад, 19 ноември 2025 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Курасао е победник во Групата Б во квалификациската рунда за Светското првенство 2026 година и се квалификуваше за турнирот. 

Селектор на Курасао е Дик Адвокат.

Курасао е најмалата земја што се квалификувала за Светското првенство. Населението на островот во јужниот дел на Карибите е приближно 150.000.

Претходната земја со најмал број жители што се натпреварувала на Светско фудбалско првенство беше Исланд (334.000).

Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. За прв пат, 48 екипи ќе учествуваат на турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан