Кумановци ќе имаат бесплатен превоз уште еден месец
- Кумановци ќе користат бесплатен превоз до крајот на октомври, донесоа одлука советниците на последната седница. Надлежните претходно најавија дека ќе се најдат средства, превозот да биде бесплатен до крајот на годинава. Раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска кажа дека со пренамена од други ставки, обезбедени се средства од 1 до 31 октомври годинава, преку кратење од други ставки.

Куманово, 27 октомври 2023 (МИА) - Кумановци ќе користат бесплатен превоз до крајот на октомври, донесоа одлука советниците на последната седница. Надлежните претходно најавија дека ќе се најдат средства, превозот да биде бесплатен до крајот на годинава. Раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска кажа дека со пренамена од други ставки, обезбедени се средства од 1 до 31 октомври годинава, преку кратење од други ставки.
- Не можевме да обезбедиме средства за три месеци, успеваме за еден месец, кажа Ланг Спасовска.
Вкупно за 26 линии во градот и за линиите кон соседната општина Старо Нагоричане одвоени се 5, 5 милиони денари, информираа од секторот за финансии од општина Куманово. Според Ланг Спасовска превозот го користат од 10 до 13.000 граѓани.
Со оваа одлука не се сложија советниците од опозицијата кои кажаа дека мерката треба да важи само за ранливи категории граѓани.
- Можеби треба да се субвенционира одредена категорија на луѓе, социјални случаи, пензионери со ниски примања, да ги полниме џебови на приватни фирми и тие да профитираат не е прифатливо, вели советникот Благојче Јаќимовиќ од НСДП.
За советникот Миле Андоновски неприфатливо е милион евра, пари на граѓаните да се одвојат за превоз наместо за крупни инфраструктурни проекти. Александар Јованковски од СДСМ кажа дека мерката не го намалува загадувањето и дека во иднина е важно бенефицијата да ја користат само одредени категории кумановци.ам/
Фото: Општина Куманово