Кумановската полиција го расчистува случајот со тепачката на улица „Маршал Тито“
- Кумановската полиција го расчистува случајот во кој две лица се нападнати на улицата „Маршал Тито“. Видеото од нападот се прошири синоќа на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

Куманово, 20 ноември 2023 (МИА) - Кумановската полиција го расчистува случајот во кој две лица се нападнати на улицата „Маршал Тито“. Видеото од нападот се прошири синоќа на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.
Триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.
- На 20.11.2023 во 00.15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул. „Маршал Тито“, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/ир
Фото: МИА архива