• сабота, 13 април 2024

Крводарителска акција во Неготино, обезбедени 76 крвни единици

Крводарителска акција во Неготино, обезбедени 76 крвни единици
Неготино, 16 март 2023 (МИА) - Седумдесет и шест крвни единици се обезбедени во денешната крводарителска акција во Неготино, во организација на неготинскиот Црвен крст и Институт за трансфузиона медицина Скопје.
 
Од Црвениот крст истакнаа дека станува збор за традиционална акција за доброволно дарување крв по повод 17 март - Денот на крводарителите. 
 
- Со гордост споделуваме дека нашата општинска организација е една од 20 во државата што го исполнуваат годишниот план за крводарување. Општина Неготино се наоѓа меѓу 10 најдобри општини кои го надминале годишниот план од 624 крводарители на 745, или процентуално, планот е натфрлен за 119 отсто, потсетија од Црвен крст Неготино. 
 
Оттаму нагласија дека треба да се продолжи да се биде позитивен и препознатлив пример на град, што многу пати обезбедил голем број крвни единици во државата. 
 
- Благодарение на крводарителските акции организирани од наша страна, а  благодарение на хуманиот гест на нашите граѓани кои несебично даруваат крв. Благодарение на изградената свест и хуманост на нашите сограѓани - крводарители, спасени се многу човечки животи, додадпа од Црвениот крст. свд/фф/
 
Фото: Црвен крст Неготино 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан