• сабота, 10 октомври 2026

„Кочани одблиску“ – Градскиот парк во знакот на активностите на локалната заедница

„Кочани одблиску“ – Градскиот парк во знакот на активностите на локалната заедница

Кочани, 3 октомври 2026 (МИА) - Под наслов „Кочани одблиску“, Градскиот парк во Кочани денеска беше место за презентација на активностите на институции, граѓански организации, клубови и поединци од локалната заедница, во рамките на програмата на „Денови на кочанскиот ориз“.

На настанот своите активности ги претставија околу 20-ина правни и физички лица, меѓу кои спортски и рекреативни клубови, здруженија што работат во областа на заштитата на природата, пчеларството, ракотворење, училишта, како и организации и поединци активни во реализацијата на психосоцијални активности.

Преку штандови, презентации и непосредна комуникација со посетителите, учесниците ги претставија својата работа, иницијативи и активности, овозможувајќи им на граѓаните одблизу да се запознаат со можностите за вклучување во различни локални активности.

Паралелно со презентацијата, пред најмладата публика во Градскиот парк настапи диџеј Боно.ис/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа