• понеделник, 13 јули 2026

На меѓународниот фестивал „Духот на Балканот“ во Корча и годинава претставници од Македонија

На меѓународниот фестивал „Духот на Балканот“ во Корча и годинава претставници од Македонија

Дебар, 14 јуни 2026 (МИА) - Меѓународниот фестивал „Духот на Балканот“ на 19 и 20 јуни Корча ќе биде центар на балканската култура и традиции, каде покрај другите и годинава ќе учествуваат македонски фолклористи. Минатата година на ова значајна манифестација учествуваше КУД „Брвеница“ од Брвеница.

Настанот ќе донесе во градот фолклорни ансамбли, уметнички групи и фолк-џез бендови од различни земји во регионот, претворајќи ја Корча во голема уметничка и забавна сцена. Ова издание доаѓа со бројни иновации, проширувајќи го меѓународното учество и уметничката програма.

-Оваа година ќе имаме музички групи и бендови од целиот Балкан. Две ноќи ќе ја имаме парадата на боите на Балканот што ќе продолжи на плоштадот на чаршијата со две многу добри музички групи, а поканета е и уметницата Камела Исламај. Ќе имаме и групи од Албанија, Македонија, Србија, Бугарија и Грција, изјави за Корча ТВ, Блерта Белиу, директорка на Центарот за култура и иновации.

Се очекува фестивалот „Духот на Балканот“ да собере стотици уметници и посетители, поради близината и голем број македонски, претворајќи ја Корча во важно место за средба на балканската култура и еден од најзначајните настани во летната сезона. вт/ац/

Фото: принтскрин Корча ТВ

Можно е и ова да ти се допаѓа