• петок, 29 март 2024

Колумбија: Отстранувањето на 70 нилски коњи на Пабло Ескобар ќе чини 3,5 милиони долари

Колумбија: Отстранувањето на 70 нилски коњи на Пабло Ескобар ќе чини 3,5 милиони долари

Богота, 31 март 2023 (МИА) - Отстранувањето на 70 нилски коњи коишто се потомство од неколкуте донесени од нарко-босот Пабло Ескобар ќе ја чини Колумбија 3,5 милиони долари.

Ескобар ги донел нилските коњи во Колумбија кон крајот на 80-тите. Но, по неговата смрт во 1993 година, животните беа оставени слободно да шетаат во жешкиот, мочурлив регион Антиохија, каде што властите за заштита на животната средина беа немоќни да го контролираат нивното размножување. Така, според наводите, од четири нилски коњи кои избегале од селскиот имот на Ескобар, произлегле 130, што е можеби најголемата популација вон Африка.

Без грабливци во природата кои би ја одржувале рамнотежата, нивниот број ќе расте неконтролирано, а проценките велат дека до 2034 година така би имало 1.400 нилски коњи во Колумбија.

Властите соопштија дека планираат да фатат и преместат околу половина од животните следните месеци, при што 10 ќе одат во прифатилиштето „Осток“ во северно Мексико, а 60 во сѐ уште неименуван објект во Индија.

- Целата операција би требало да чини околу 3,5 милиони долари, изјави сопственикот на прифатилиштето, Ернесто Зазуета.

Нилските коњи сѐ почесто го напаѓаат околното население. Поради сѐ тоа, колумбиското Министерство за животна средина ги прогласи нилските коњи за опасен вид, дозволувајќи така и лов. Преносот на животните, сепак, се смета за крајна мерка за нивно спасување.  си/

Остани поврзан