• четврток, 15 октомври 2026

Ковачки: Стојанчо Радичевски ќе биде идниот градоначалник на Брвеница

Ковачки: Стојанчо Радичевски ќе биде идниот градоначалник на Брвеница

Скопје, 12 септември 2026 (МИА) - Штотуку ја поднесовме кандидатурата за кандидат за градоначалник на Oпштина Брвеница за господинот Стојанчо Радичевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изјави Драган Ковачки, пратеник и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Веруваме дека имаме одличен кандидат, кандидат којшто ќе биде континуитет на претходниот прерано заминат наш градоначалник Јовица Илиевски.

Верувам дека, и покрај тоа што има многу кандидати за градоначалник за Општина Брвеница, верувам дека нашиот кандидат е убедливо најдобриот кандидат, кандидат којшто обединува и со кого што заеднички ќе славиме на 18 oктомври.

Повикувам на фер кампања, на достоинствен однос и на фер и демократски избори.

Фото: Принтрскрин