• петок, 29 март 2024

Ковачевски со три предлози на лидерската средба со Мицкоски

Ковачевски со три предлози на лидерската средба со Мицкоски

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за МИА.

На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.

По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.

Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по кој партискиот потпретседател Тимчо Муцунски изјави дека став на партијата е оти уставни измени под диктат не смее да има.

Тој додаде и дека една од темите за коишто ќе се дискутираат двајцата лидери ќе биде и прашањето за предвремени парламентарни избори. нд/ац/

 

Остани поврзан