• сабота, 09 декември 2023

Ковачевски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Ковачевски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод 28 септември - Меѓународниот ден на Бошњаците.

- Почитувани сограѓани Бошњаци, Ви го честитам 28 септември - Меѓународниот ден на Бошњаците. Изразувам особена почит кон вашите вредности, култура и традиција со кои придонесувате во нашето мултикултурно општество.
Северна Македонија има традиција на негување на соживот и почитување на етничката, културната и верската различност, така создаваме подобра иднина за сите нас. Ви посакувам денешниот празник да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа, наведува КОвачевски во честитката објавена на фејсбук./

Фото: ФБ Дмитар Ковачевски

Остани поврзан