• петок, 29 март 2024

Ковачевски-Гир: Во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ

Ковачевски-Гир: Во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ

Скопје, 25 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал тет-а-тет средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. 

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите и оценето е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот којшто заеднички е утврден меѓу Северна Македонија и Европската Унија.

Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски нагласил дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса што сега треба да се искористи и дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна но достижна цел за што ја има поддршката и од стратешките партнери. 

Евроамбасадорот Гир, како што велат од Владата, ја потврдил силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата. бак/

Фото: Влада на Северна Македонија

Остани поврзан