• среда, 25 септември 2024

Коалицијата Менуваме бара да бидат испатени надоместоците за персонална асистенција

Коалицијата Менуваме бара да бидат испатени надоместоците за персонална асистенција

25 септември 2024

По поставените  прашања на прес конференцијата која се одржа на 20.09.2024  пред  Министерството за социјална политика демографија и млади од страна на лицата со попреченост и нивните персонални асистенти, Коалиција Менуваме,  Национален Црвен Крст на Македонија. 

По поднесени преставки од лица со попреченост и  персоналните асистенти за правна помош до Коалицијата Менуваме, правната комисија констатира дека  во месеците  07, 08 и 09 2024  на стотици корисници  на  ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА  т.е.  нега во домот и надвор од домот,   НЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ надоместоците за месец 6 и 7 2024 за Скопје, Прилеп и Струмица  општини во Македонија,а за  08.2024 не се исплатени надоместоци во  ниту една општина во Македонија. 

Министерство за социјална политика демографија и млади на 23.09.2024 писмено и со вербална комуникација го извести Давателот на услуга Црвен Крст, цитираме:  исплатата за Персоналните асистенти ќе биде извршена  во Петок  27.09.2024 кон Црвен Крст.

Н А П О М Е Н А 

Доколку Министерство за социјална политика демографија и млади на 27.09.2024  не ја изврши исплатата за Персоналните Асистенти  заедно со корисниците на конпензационото  право од законот за социјална заштита член 76 и 146, Персоналните Асистенти, Коалицијата Менуваме, Црвен Крст и засегнатите страни, Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст на 05.10. 2024 - сабота, излегуваат на протест  пред Владата на Република Македонија. 

Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст ќе се обрати до Кабинетот на Премиерот на Владата на  Македонија, канцеларијата на ОН во Земјава и Странство, ОБСЕ, ЕУ ДЕЛЕГАЦИЈА И ДР. ИНСТИТУЦИИ.  ВРЕМЕ Е ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.

Коалиција Менуваме

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан