• петок, 19 април 2024

Клоп: Во следните два месеци може да освоиме многу или ништо

Клоп: Во следните два месеци може да освоиме многу или ништо

Ливерпул, 1 април 2023 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека за неговата екипа следува интензивен период во Премиер лигата, а прв предизвик ќе биде денешниот дуел против актуелниот првак Манчестер сити во рамки на 29 коло.

„Во претстојните два месеци можеме да направиме или многу или ништо“, им изјави Клоп на англиските новинари пред денешното гостување во Манчестер.

Ливерпул во моментов е шестопласиран на табелата со 42 бодови, седум помалку од четвртото место кое последно обезбедува настап во Лигата на шампиони за следната сезона.

„Единствено што можеме да направиме до крајот на сезоната е да избориме пласман во Лигата на шампиони. Не сме во идеална позиција, но тоа и натаму е возможно. Мораме да добиеме голем број натпревари. Не сме глупави. Знаеме дека против Реал, а и подоцна на гостувањето во Борнмут не бевме добри, но изданието претходно против Манчестер јунајтед беше првокласно. Мораме тоа да го покажеме повторно“, рече Клоп. ег/сд/

Остани поврзан