• недела, 15 ноември 2026

Клековски очекува в среда да почне вакцинацијата против сезонски грип

Клековски очекува в среда да почне вакцинацијата против сезонски грип

Скопје, 16 октомври 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека очекува в среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип и ќе му биде задоволство да биде вакциниран како пациент од ризична група.

Тој посочи дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок и ги одредила приоритетите. Во основа со 1.000 вакцинации дневно, појасни, ќе стасаме до 15 ноември кога ќе пристигне втората количина.

- Приоритет прво имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, заради институцискиот карактер и поголемиот ризик за епидемија во микро-услови, и другите ризични групи ќе бидат опфатени според проценката на Комисијата. Значи, во основа сите активности што се организирани во минатото ќе бидат организирани и сега. Нема да има никаква отстапка во начинот на работа и методологијата, рече Клековски. рп/ац/

Фото: МИА