• среда, 22 ноември 2023

Кина го намали увозот на морска храна од Јапонија по испуштањето на вода од Фукушима

Кина го намали увозот на морска храна од Јапонија по испуштањето на вода од Фукушима

Пекинг, 25 септември 2023 (МИА) – Кина нагло го намали увозот на морска храна од Јапонија, откако Токио почна да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима во морето.

Вредноста на увозот на морска храна од Јапонија падна за 67 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, на околу три милијарди јапонски јени или околу 19 милиони евра, јави јапонската јавна телевизија NHK, повикувајќи се на податоци од кинеската царина.

Јапонската компанија Тепко, која е оператор на нуклеарната централа Фукушима, на 24 август почна да испушта повеќе од милион тони вода од централата во морето, што предизвика критики од Кина и локалните рибарски заедници. јт/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан