• петок, 27 септември 2024

Кина ги предупреди граѓаните да не патуваат во Либан, а Турција се подготвува за евентуална евакуација

Кина ги предупреди граѓаните да не патуваат во Либан, а Турција се подготвува за евентуална евакуација

Пекинг, 26 септември 2024 (МИА) - Кина денеска ги предупреди своите државјани да не патуваат во Либан поради израелската воздушна офанзива.

Во исто време Турција се подготвува за евентуална евакуација на своите и странските државјани од Либан поради судирот помеѓу Израел и Хезболах.

- Армијата има ресурси да изврши каква било мисија за безбедно евакуација на наши или странски државјани од Либан. Прелиминарното планирање и подготовките за потенцијална операција за евакуација се во тек, изјави неименуван извор од турското Министерство за одбрана.

Голем број земји неделава ги повикаа своите граѓани да го напуштат или да избегнат патување во Либан, меѓу кои Италија, Белгија, Велика Британија, Русија, Индија и Малезија. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан