• четврток, 28 март 2024

Кејн задоволен од тоа како Англија ги почна квалификациите за Еуро 2024

Кејн задоволен од тоа како Англија ги почна квалификациите за Еуро 2024

Лондон, 27 март 2023 (МИА) - Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн е задоволен од двете победи на отворањето на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024.

 

- Моравме да победиме и го направивме тоа. Тимот на Англија е во одлична позиција во моментов. Беше добра недела. Бевме вознемирени од неуспехот на Светското првенство во 2022 година, но знакот на силен тим е способноста повторно да излеземе на вистинскиот пат, изјави Кејн за „Би-би-си“.

 

Англија во првото коло ја победи Италија, а во второто беше поуспешна од Украина. Англичаните се на врвот во групата Ц со максимални шест бода. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан