• среда, 29 ноември 2023

Кејн е четвртиот Англичанец со хет-трик во Бундеслигата

Кејн е четвртиот Англичанец со хет-трик во Бундеслигата

Минхен, 24 септември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн постигна три гола вчера против Бохум (7:0) во 5. коло од германскиот шампионат.

 

Кејн стана четвртиот Англичанец кој постигнал хет-трик на натпревар од Бундеслигата. Претходно, ова го направија Кевин Киган (во декември 1978 година), двапати Тони Вудкок (во мај 1980 година и април 1982 година) и Џејдон Санчо (во мај 2020 година).

 

На седум натпревари за баварскиот клуб оваа сезона Кејн постигна осум гола и направи четири асистенции. зс/

Остани поврзан