Каскарелис на средбата со Џачка го покренал прашањето со притворениот градоначалник на Химара
- Прашањето со притворениот градоначалник на Химара Фреди Белери, го покренал минисерот за надворешни работи на Грција Василис Каскарелис на средбата со неговата албанската колешка Олта Џачка, брифираат дипломатски извори за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 1 јуни 2023 (МИА) – Прашањето со притворениот градоначалник на Химара Фреди Белерис и негово ослободување го покренал минисерот за надворешни работи на Грција Василис Каскарелис на средбата со неговата албанската колешка Олта Џачка, брифираат дипломатски извори за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите извори Каскарелис и Џачка се сретнале на маргините на неформалниот Самит на МНР на земјите членки на НАТО во Осло, а шефот на грчката дипломатија побарал Белерис и Панделис Кокавеси да бидат ослобоени. ср/ми/
Фото: АНА-МПА