• четврток, 26 септември 2024

Кардалевски: Филмот „Состојба на умот“ го снимав кога возухот во Скопје беше загаден и прст пред око не се гледаше

Кардалевски: Филмот „Состојба на умот“ го снимав кога возухот во Скопје беше загаден и прст пред око не се гледаше

Битола, 26 септември 2024 (МИА) - Филмот „Состојба на умот“ е снимен за едно попладне и ноќ, но тој ден во Скопје толку многу беше загадено што не се гледаше ниту прст пред око, истакна кинематограферот Душан Кардалевски на прес-конференција на ИФФК „Браќа Манаки“.

Претставувајќи го филмот во кој  директор е Александра Кардалевска, и е во конкуренција за награди од категоријата „Кратка програма“, кинематограферот Душан Кардалевски посочи на условите за работа и соработка со тимот.

-Избрав да снимам со „Сони венис 2“, брза камера која овозможува повисока осетливост. Користев амбиентални светла, користев излози, продавници...сакав да користам филтрација и затоа нарачав одредени филтри, но тој ден толку многу беше загадено во Скопје што не се гледаше ниту прст пред око. Самата загаденост и ПМ честитчки во воздухот интересно, но прв пат овозможија некаков бенефит на извесен начин, во овој случај при снимање на филм, истакна Кардалевски. 

Додаде дека тешко е да се работи со директор на филмот кој ви е роднина, во случајов сестра, но од друга страна беше полесно затоа што Александра Кардалевска е многу прецизна, кратка, концизна, доаѓа подготвена и точно кажува што се треба да се прави. - Значи може да потврдам дека соработката со директорката на филмот беше одлична, нагласи Кардалевски..

Проекцијата на филмови од повеќе натпреварувачки категории на ИФФК „Браќа Манаки“ е во тек. Утревечер со свечен церемонијал завршува 45. издание на фестивалот кој се одржува под покровителство на претседателот на Северна Македонија. мт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан