• четврток, 25 април 2024

Кампања „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“ во Крива Паланка

Кампања „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“ во Крива Паланка
Крива Паланка, 1 април 2023 (МИА) - Со делење информатовни флаери на централниот градски плоштад во Крива Паланка, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска ги информираа граѓаните за заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“.
 
Целта на кампањата е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата.
 
- Преку оваа кампања го зајакнуваме партнерството помеѓу полицијата и заедницата, што значи градење партнерство што се базира на доверба помеѓу полицијата и граѓаните. Заедничкото работење меѓу полицијата и локалното население е круцијално за идентификување на проблемите, поставување приоритети и решавање на современите предизвици на локалната заедница, поврзани со криминал, социјални и физички нарушувања, што конкретно придонесува до намалување на криминалитетот, изјави Ивана Младеновска, портпарол на секторот за внатрешни работи Куманово.
 
Дополни дека на подрачјето на Крива Паланка, во првото тримесечје од годинава има намалување на криминалитетот за околу 30 отсто споредено со истиот период лани. ид/ар

Тагови

Остани поврзан