• вторник, 23 април 2024

Казнети 235 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар за една недела

Казнети 235 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар за една недела

Скопје, 20 март 2023  (МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 13 до 19 март 2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирано возило, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 114 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар. хс/бак/

 

Остани поврзан