• среда, 14 октомври 2026

Иско стана првиот играч кој играл во Лигата на шампионите за пет различни екипи од иста држава

Иско стана првиот играч кој играл во Лигата на шампионите за пет различни екипи од иста држава

Севилја, 9 септември 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Бетис, Иско, го започна натпреварот на својот тим во Лигата на шампионите вчеравечер против Лил (3:2), поставувајќи нов рекорд за шпанскиот фудбал.

Триесет и четиригодишниот Иско стана првиот играч во историјата кој се појавил во натпревари од Лигата на шампионите за пет различни тима од една земја.

Иско претходно играше во најсилното европско натпреварување за Валенсија, Малага, Реал Мадрид и Севилја. Бетис сега се приклучи на таа листа, клуб за кој Иско настапува од 2023 година.

Во тековната сезона, фудбалерот има една асистенција на пет натпревари. зс/

Фото: ЕПА