• четврток, 18 април 2024

Интер постави рекорд во Купот на Италија

Интер постави рекорд во Купот на Италија

Рим, 25 мај 2023 (МИА) - Интер синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим ја победи Фиорентина со 2:1 и го освои Купот на Италија.

 

Двата гола за „неро-азурите“ ги постигна Лаутаро Мартинез (29. и 37. минута). Фиорентина поведе во 3. минута со голот на Николас Гонзалес.

 

Тимот од Милано го освои овој турнир по 6. пат во 21 век, што е рекорд. Лацио има пет трофеи од Копа Италија во овој век.

 

Вкупно, Интер во историјата го освоил националниот куп девет пати. Повеќе трофеи има само Јувентус - 14. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан