• петок, 29 март 2024

Институт за војна: Најавата на Путин е неважна

Институт за војна: Најавата на Путин е неважна

Вашингтон, 26 март 2023 (МИА) - Американскиот институт за проучување на војната ја оквалификува како неважна најавата на Кремљ за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во однос на ризикот од ескалација на конфликтот во нуклеарна војна.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, посочува Институтот.

Путин претходно најави дека тактичкото нуклеарно оружје ќе биде лоцирано во поранешната советска република Белорусија и дека Минск и Москва заедно ја донеле одлуката.

Институтот во својата најнова оценка посочува дека и натаму „гледа на Путин како актер кој не сака да ризикува, кој постојано се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје без никаква намера да го направи тоа за да ја скрши решителноста на Западот“. ссм/

Остани поврзан