• среда, 27 март 2024

Инзаги: Знаеме колку е силен Халанд, подготвивме нешто за да го сопреме

Инзаги: Знаеме колку е силен Халанд, подготвивме нешто за да го сопреме

Истанбул, 10 јуни 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања од финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.

 

- Знаеме колку е силен Халанд. Подготвивме нешто за да го задржиме. Но, целиот тим треба да игра добро за да ги спречи Халанд и останатите нивни играчи. Манчестер Сити добро напаѓа и добро се брани. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра, го цитира Инзаги „Скај Спорт Италија“.

Дваесет и двегодишниот Халанд оваа сезона има 52 настапи за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 52 гола и девет асистенции.

 

Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити - Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул.

 

Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан