• сабота, 21 септември 2024

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар

Њу Делхи, 21 септември 2024 (МИА) - Североисточната индиска држава Манипур е ставена во состојба на висока готовност по разузнавачките извештаи за потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар, изјави  висок безбедносен претставник.

Кулдип Синг, советник за безбедност на Манипур, изјави дека информациите во врска со милитантите биле споделени со различни разузнавачки агенции.

Од мај 2023 година, Манипур е вмешан во насилство меѓу мнозинските заедници Меитеи и малцинските Куки, водени од спорови околу економските придобивки и квоти.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан