• вторник, 16 април 2024

Изречени 132 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени 132 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - На територијата на СВР Битола вчера беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

-На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР. дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан