Израелската армија соопшти дека пресретнале дрон лансиран од исток
- Беспилотно летало лансирано од исток било уништено од ПВО на Израел над пристанишниот град Еилат, додека втор дрон паднал во областа. Тоа го соопшти денеска израелската армија.
Tел Авив, 25 септември 2024 (МИА) - Беспилотно летало лансирано од исток било уништено од ПВО на Израел над пристанишниот град Еилат, додека втор дрон паднал во областа. Тоа го соопшти денеска израелската армија.
„Две беспилотни летала (UAV) беа откриени како се приближуваат до областа Еилат од исток. Ракетен брод на морнарицата... пресретна еден UAV, а падот на друг UAV беше идентификуван во областа Еилат“, соопшти армијата. Според нив, две лица се полесно повредени по падот на дронот. зш/