• понеделник, 16 јуни 2025

Израелската армија вчера изврши над 150 напади врз терористички цели во Појасот Газа

Израелската армија вчера изврши над 150 напади врз терористички цели во Појасот Газа

Тел Авив, 16 мај 2025 (МИА) – Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле воздушни напади врз повеќе од 150 терористички цели во Појасот Газа. Цел на нападите биле лансирни рампи за противтенковски ракети, келии на оперативците на Хамас и објекти кои се користат за напади врз израелските сили.

ИДФ наведе дека во текот на копнените операции 252 дивизија убила неколку оперативци на Хамас во северниот дел на Појасот Газа и уништила неколку тунели. Додека 36 дивизија исто така елиминирала неколкумина припадници на Хамас и уништила инфраструктура на Хамас во Рафа.

Претходно, Цивилната одбрана на Појасот Газа објави дека во израелскиот напад врз палестинската енклава загинале најмалку 50 луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан