• понеделник, 13 јули 2026

Изградба на нова водоводна мрежа на Мрзенски рид во Гевгелија

Изградба на нова водоводна мрежа на Мрзенски рид во Гевгелија

Гевгелија, 16 јуни 2026 (МИА) - Жителите на населбата во Мрзенски рид ќе се приклучат на главниот резервоар за вода преку нов цевковод чија изградба ја започна Општина Гевгелија.

Општинските власти информираат дека  е предвидено новата водоводна мрежа да се изгради во должина од околу 1 200 метри на улицата „Александар Бел“, со што новата урбана населба на Мрзенски рид ќе добие целосна подземна инфраструктура.

-Овој цевковод директно се приклучува на главниот резервоар, обезбедувајќи сигурно и квалитетно водоснабдување за сегашните и идните жители од населбата Мрзенски рид. Со реализацијата на проектот се создаваат услови за понатамошен развој на населбата, а со тоа се овозможува секој дел од општината да добива современа и функционална комунална инфраструктура, велат од Општина Гевгелија.

Инвестицијата е дел од неколку инфраструктурни проекти кои во изминатиот период се реализираа во Гевгелија и населените места, во кои влегуваат водоводни и канализациски мрежи, реконструкција на улици, како и уредување на јавните простори. рш/вј/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа