• сабота, 17 октомври 2026

Зеленски во тридневна посета на Канада

Зеленски во тридневна посета на Канада

Отава, 10 септември 2026 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Канада, каде што „планирани се голем број важни состаноци и договори, кои ќе го одредат правецот на нашата соработка и ќе го консолидираат веќе стратешкото ниво на нашите односи во годините што доаѓаат“.

- Пристигнав во Канада. Канада беше и останува еден од нашите најблиски партнери. ГИ цениме целата поддршка од Канаѓаните и одлуките што ѝ помагаат на Украина да остане стабилна и да го заштити својот народ - истакна Зеленски.

Тој додаде дека на средбата со премиерот на Канада, Марк Карни, ќе се разговора за заштитата на украинскиот воздушен простор, подготовката за зимата и зајакнувањето на отпорноста на земјата.

- Ќе разговараме како да ја зајакнеме нашата отпорност, да ги поддржиме луѓето и да обезбедиме Украина да ги има потребните капацитети за да се одбрани - посочи Зеленски.

Тој во Канада е придружуван и од првата дама Олена Зеленска, која ќе се сретне со филантропи што ја поддржуваат Украина. ми/јт/

фото: ЕПА