• четврток, 21 септември 2023

За брзо возење 168 санкции на територијата на цела држава

За брзо возење 168 санкции на територијата на цела држава

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 168 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан