• петок, 29 март 2024

Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, ќе има површина од 30.000 метри квадратни

Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, ќе има површина од 30.000 метри квадратни
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Утре започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, којшто ќе има површина од 30.000 метри квадратни.
 
Изградбата на паркот ја најавија денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, придружувани од директорот на ЈП „Улици и патишта“ Саид Саиди и на Паркови и зеленило - Скопје Зухејр Реџепи, заедно со пратениците Изет Меџити и Мерита Коџаџику.
 
 
Тие информираа дека во овој парк ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.

Во паркот се предвидени два нови спортски терени, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, едно игралиште за фитнес, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Изградбата на Мега-паркот во општина Чаири е производ на меѓуопштинска соработка меѓу општина Чаир и Град Скопје.

Мега Паркот се наоѓа на улицата „Македонско-Косовска Бригада “, во населбата Топанско Поле. сх/нд/

 

Остани поврзан