Започна пријавувањето за Регионалното „24 часовно цртање на стрипови“
- Четиринаесетото издание на регионалната манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ e во тек. Годинашната акција ќе се одржи од 29 ноември во 12 часот до 30 ноември, со истовремено цртање на повеќе локации: во Подгорица, Госпиќ, Херцег Нови, Сомбор, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб и новододадениот пункт во Скопје.
Велес,19 ноември 2025 (МИА) - Четиринаесетото издание на регионалната манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ e во тек. Годинашната акција ќе се одржи од 29 ноември во 12 часот до 30 ноември, со истовремено цртање на повеќе локации: во Подгорица, Госпиќ, Херцег Нови, Сомбор, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб и новододадениот пункт во Скопје.
Пријавувањето е преку линкот кадешто можат да се најдат и повеќе информации.
Томе Трајков стрип промотер од Велес, ја изразува својата благодарност за поддршката којашто ја добил од стрип соработниците и пријателите од Хрватска.
- Уште еднаш го изразувам задоволствотоод стрип соработниците и пријатели од Хрватска кои уште од 2023 веднаш ја прифатија мојата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори, потенцира Трајков..
Тој појаснува дека паралелно, учесниците можат да се приклучат и од дома, преку онлајн-платформата, што веќе е вообичаена практика за македонските автори од различни градови.
Воедно пријавувањето може да биде и преку линкот на акцијата „24 часовно цртање на стрипови“.
Манифестацијата иако организирана спонтано, има долгогодишна основа. На светско ниво ја иницирал реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот ја развива авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб.
Инаку оваа акција е сосема независна од светската акција, којашто се организира во октомври.ад/
Фото: МИА