• вторник, 11 ноември 2025

Започна ослободувањето палестински затвореници, автобуси тргнаа кон Западниот Брег и Газа

Започна ослободувањето палестински затвореници, автобуси тргнаа кон Западниот Брег и Газа

Рамала, 13 октомври 2025 (МИА) - Израел почна со ослободување палестински затвореници согласно договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти Канцеларијата за медиуми на затворениците.

Канцеларијата соопшти дека денеска автобуси со ослободени затвореници тргнале од затворот Офер, западно од Рамала, кон градот Беитуниа на окупираниот Западен Брег.

Автобуси со ослободени затвореници, исто така, тргнале и од затворот Негев во јужен Израел, на пат кон Газа, соопшти Канцеларијата.

Ослободувањето доаѓа откако палестинската група на отпорот Хамас предаде 20 израелски заложници во рамки на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан