Започна акцијата за кастрење и одржување на дрвјата во Чаир
- Општина Чаир започна со активности за кастрење и одржување на дрвјата на територијата на општината, при што првите интервенции се реализираат на улицата „Методија Митевски“.
8 јуни 2026
Општина Чаир започна со активности за кастрење и одржување на дрвјата на територијата на општината, при што првите интервенции се реализираат на улицата „Методија Митевски“.
Теренските екипи работат на отстранување на израснатите гранки и оние кои претставуваат пречка за безбедното движење на пешаците и возилата, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на јавните површини.
Оваа активност е дел од редовната програма за одржување на урбаното зеленило и ќе продолжи и во наредните денови во други населби и улици во Чаир, секаде каде што ќе се утврди потреба од интервенција.
Преку овие активности, Општина Чаир продолжува со грижата за урбаното зеленило и создавањето побезбедни и подобро одржувани јавни простори за граѓаните.
Општина Чаир