• четврток, 18 април 2024

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип - Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип - Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат

Штип, 2 јуни 2023 (МИА) - Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип - Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица - Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи. вдј/вг/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан