• понеделник, 13 јули 2026

Заврши реконструкцијата на улицата „Бел Камен“ во Кочани

Заврши реконструкцијата на улицата „Бел Камен“ во Кочани

Скопје, 16 јуни 2026 (МИА) - Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопштуваат од Министерството за транспорт.

 - Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ - стои во соопштението од Министерството.

Паралелно со овие активности, како што дополнуваат, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.ар/

Фото: Министерство за транспорт 

Можно е и ова да ти се допаѓа