Заврши првиот ден од одбојкарскиот турнир во рамките на „Културно лето на Чаир 2026“
- На плоштадот „Скендербег“ се одиграа првите натпревари од одбојкарскиот турнир, активност што го означи почетокот на Спортските денови во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, се вели во соопштението од Општина Чаир што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 9 јуни 2026
На плоштадот „Скендербег“ се одиграа првите натпревари од одбојкарскиот турнир, активност што го означи почетокот на Спортските денови во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, се вели во соопштението од Општина Чаир што МИА го пренесува интегрално.
Во спортска и пријателска атмосфера, екипите учеснички прикажаа квалитетни настапи, промовирајќи фер-плеј, соработка и тимски дух.
По натпреварите од првиот ден, во финалето се пласираа Одбојкарскиот клуб „Шкупи“ и ООУ „Исмаил Ќемали“, додека утре, со почеток во 18:00 часот, ќе се сретнат ООУ „Лирија“ и ООУ „Имри Елези“.
Спортските активности продолжуваат и во наредните денови, со цел промоција на спортот, здравиот начин на живот и активното учество на младите.
Општина Чаир
Фото: Општина Чаир