• понеделник, 20 јули 2026

Жена и две деца повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Жена и две деца повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Одеса, 10 јуни 2026 (МИА) - Жена на возраст од 46 години и две деца на осум и десет години се повредени во руски напад со дронови извршен во текот на ноќта врз украинскиот град Одеса, соопшти началникот на градската воена администрација, Сергеј Лисак.

Според неговите информации објавени преку платформата „Телеграм“, во нападот се оштетени два станбени објекти во крајбрежниот појас на градот што се наоѓа на брегот на Црното Море.

Во еден од нив целосно изгорел стан на петтиот кат на објектот, а противпожарните единици брзо го изгаснале пожарот. 

На друга локација, оштетени се станови на 11-тиот кат, како и прозорците и фасадата на зградата.

Општинските служби работат на отстранување на последиците од нападите, додека на терен се поставени пунктови за помош каде на жителите им се даваат информации за обесштетување преку градскиот буџет и државната програма „Обнова“. аб/јт

фото/МИА архива