• среда, 29 ноември 2023

Ерменија повика на итно распоредување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах

Ерменија повика на итно распоредување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах

Ереван, 24 септември 2023 (МИА) - Ерменија повика на итно распоредување на мисија на Обединетите нации за набљудување на човековите права и безбедноста во Нагорно-Карабах, во момент кога се создадени услови за испраќање помош во тоа подрачје по воспоставувањето на кревкиот прекин на огнот.

Азербејџан на 20 септември прогласи прекин на огнот откако ги принуди ерменските сепаратистички сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно-Карабах, ерменска етничка енклава.

Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но прогласи отцепување на почетокот на 1990-тите во текот на војната што избувна по распадот на Советскиот Сојуз. 

- Меѓународната заедница треба да ги преземе сите напори за итно распоредување на меѓуагенциската мисија на ОН во Нагорно-Карабах со цел следење и проценка на човековите права, хуманитарната и безбедносната состојба на терен, рече министерот за надворешни работи на Ерменија. Арарат Мирзојан во обраќањето на седницата на Генералното собрание на ОН. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан