• вторник, 24 септември 2024

Екологисти од Неготино ќе вршат обуки за одгледување печурки во средни земјоделски училишта во државата

Екологисти од Неготино ќе вршат обуки за одгледување печурки во средни земјоделски училишта во државата

Неготино, 23 септември 2024 (МИА) - Екологисти од Неготино ќе вршат обуки за одгледување печурки во средни земјоделски училишта во државата. Како што информираше денеска Кристина Тодорова, дипломиран земјоделски инженер, во изјава за МИА, обуките ќе стартуваат во октомври. 

- Ние всушност ќе вршиме обуки во училиштата како да го преработуваат отпадот во циркуларна економија, да добијат храна во краток временски период, во рамките на проектот  финансиран од ЕУ и во партнерство со три невладини организации од кои една од Чешка и две од земјава, појасни Тодорова, инаку долгогодишен активист во Здружението за заштита на природата, ,,Ековита". 

Таа додаде дека обуките ќе вклучат и активности околу тоа како да се користи органскиот отпад, но и да се одгледуваат инсекти како храна за животни и калифорниски црви за добивање на хумус. свд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан