Екипи на ЈП Комунална хигиена - Скопје викендов подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии
- Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје изминатиот викенд подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии.

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје изминатиот викенд подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии.
Како што соопшти претпријатието, екипите подигнале и транспортирале градежен и мешан комунален отпад од неколку диви депонии лоцирани во строгиот центар на градот (зад Т-Мобиле), како и на булеварот „АСНОМ“ и улиците „Бојмија“ и „Февруарски поход“ во општина Аеродром.
-По барање на МВР-Скопје, по сообраќајната несреќа што во текот на викендот се случи на булеварот „Илинден“, наши екипи интервенираа со расчистување на теренот и посипување песок, со цел да се овозможат услови за непречено минување на пешаците и возилата, соопшти претпријатието.
Информира и дека вчера биле опожарени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри лоцирани на улицата „Букурешка“ општина Карпош.
-Опожарените контејнери се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети со нови садови, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје. хс/са/
Фото: МИА архива