• сабота, 28 септември 2024

Европската куќа Струга ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро под слоганот „Гласот на крајбрежјето“

Европската куќа Струга ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро под слоганот „Гласот на крајбрежјето“

Струга, 18 јуни 2024 (МИА) - Со ревијален кајакарски маратон в сабота ќе почне одбележувањето на Денот на Охридското Езеро и биолошката разновидност - 22 јуни под слоганот „Гласот на крајбрежјето“ во организација на Европската куќа Струга.

Стартот на маратонот, како што информира организаторот, е закажан за во 10 часот на Женска плажа, а ќе се рализира во соработка со спортскиот клуб „Соларис“ Струга.

- Веслањето со кајак не е само вежбање, туку може да биде вистинско релаксирачко искуство. Веслајќи, можете да ги истражите затскирените заливи, да стигнете до интимни и помалку познати плажи, да го запознаете живиот свет, кој ѕирка меѓу трските... Секое влегување во кајак е чекор кон нова авантура, посочуваат од Европската куќа Струга.

Вечерта, додаваат, е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата, а за музичкиот дел ќе се погрижи Диџеј Мирче - Хаусмајстори.

Визуелниот дел, како што е најавено, ќе биде надополнет со несекојдневен видео перформанс на ендемични цветови и птици низ Паркот на поезијата. сс/цр

Фото:  Европската куќа Струга

Остани поврзан