• среда, 11 декември 2024

Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин

Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин

Хаг, 3 декември 2024 (МИА) – Белгиската, колумбиската и шпанската полиција со поддршка од Европол открија голем синџир за трговија со кокаин од Колумбија до наркопазарот во Европска унија.

Во акцијата откриени и запленети се 5,8 тони кокаин и уапсени се 32 лица.

Операцијата уследи по апсењето на два бегалци од италијанската мафија Камора во октомври во Колумбија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан