• среда, 17 април 2024

ДС: Неразумна и неприфатлива одлука за енормното зголемување на платите на функционерите

ДС: Неразумна и неприфатлива одлука за енормното зголемување на платите на функционерите

Скопје, 31 март 2023

Демократскиот сојуз смета дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78% е неодговорна, неразумна и неприфатлива.

Предлагаме да се интервенира во коефициентите, односно да се предложат измени на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со што зголемувањето на платите на функционерите ќе се усогласи со зголемување на платите во сите сектори, како и со зголемувањето на пензиите. 

Демократскиот сојуз ќе поддржи и ќе биде дел од  законско решение, која ќе ја спречи ваквата неправедна положба и огромна разлика во примањата на функционерите и останатите вработени. 

Зголемувањето на примањата како одговор на растечките животни трошоци треба да го почувствуваат сите граѓани, посебно ранливите категории, додека оние кои се избрани и именувани лица треба да обезбедат услови за поквалитетен и подобар живот за сите, а не само за себе.
 
Демократски сојуз
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан