Државниот буџет на Грција за 2024 година предвидува раст од 2,9 отсто
- Мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти, намалување на невработенοста на 10,6 проценти предвидува, меѓу другото државниот буџет на Грција за 2024 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 ноември 2023 (МИА) – Мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти, намалување на невработенοста на 10,6 проценти предвидува, меѓу другото државниот буџет на Грција за 2024 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис, претпладнево му го достави буџетот на претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, кој соопшти дека петдневната расправа на пленарна седница ќе започне на 13 декември и ќе заврши на 17 декември на полноќ со гласање од пратениците.
Според Хаѕидакис, буџетот вклучува ι зголемување на средствата наменети за здравството и образованието, но и трајни даночни олеснувања на седум различни начини, но паралелно, рече дека и целта на Владата за 2024 година е дополнително намалување на затајувањата на данок.
-Владата се стреми во 2024 година да спроведе суштинска општествена политика. Во оваа насока ќе има зголемување на платите на државните службеници по 14 години, ново покачување на пензиите, зголемување на износот ослободен од данок за семејствата со деца, како и зголемување на надоместоците за инвалидитет и додатокот за социјална солидарност, рече Хаѕидакис. ср/сд/